Adam Abu-bashal
20 Декември 2020•Ажурирај: 23 Декември 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 2.5 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 21.317 нови случаи на Ковид-19.
Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка изнесува 2.504.960.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 448 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 58.855.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (24.539), по која следуваат Мароко (6.909) и Египет (7.069).
Во Еритреја и на Сејшелските Острови досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (912.477), по која следуваат Мароко (415.226) и Египет (124.891).
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 2.103.443 лица.