Adam Abu-bashal
21 Ноември 2020•Ажурирај: 22 Ноември 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина два милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 15.585 нови случаи на Ковид-19.
Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 2.055.400.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 413 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 49.198.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (20.759), по која следуваат Египет (6.521) и Мароко (5.183).
Во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (762.763), по која следуваат Мароко (316.260) и Египет (112.318).
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 1.735.164 лицa.