Ekipa
28 Ноември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
НАЈРОБИ (АА) - Големи поплави во малата, но стратешки важна источноафриканска земја Џибути, беа предизвикани од интензивните врнежи од дожд, за кои Обединетите нации и Владата велат дека во еден ден паднал дожд колку за период од две години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во заедничкото соопштение на ОН и Џибути денеска се вели дека во текот на последните денови во земјата на Црвеното Море, во која се наоѓаат воените бази на САД, Кина и на уште некои земји, од поплави биле погодени четвртина милион луѓе.
Џибути се смета за една од најчувствителните светски неостровски држави на последиците од климатските промени и порастот на нивото на морето.