Adam Abu-bashal
15 Август 2020•Ажурирај: 16 Август 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 100 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на континентот откриени се уште 12.288 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Африка се искачи на 1.101.065.
Исто така, во последните 24 часа на африканскиот континент починале уште 412 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 25.139.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (11.556 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.124 смртни случаи) и Алжир (1.351 смртен случај).
Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Во Африка од вирусот излекувани се вкупно 814.375 лица.