Adam Abu-bashal
21 Октомври 2020•Ажурирај: 21 Октомври 2020
АБУЏА (АА) -- Бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 40.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 9.494 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.674.836.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 298 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи се зголеми на 40.289.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (18.656), по која следуваат Египет (6.142) и Мароко (3.027).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (706.304), по која следуваат Мароко (179.003) и Египет (105.705).
Во Африка од вирусот досега се излекувани вкупно 1.376.599 лица.