Adam Abu-bashal
29 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 759 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 12.056 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.759.578.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 230 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 42.202.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (19.111), по која следуваат Египет (6.234) и Мароко (3.506).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (719.714), по која следуваат Мароко (207.718) и Египет (107.030).
Во Африка од вирусот досега се излекувани вкупно 1.436.462 лица.