Nuri Aydın,Gökhan Varan
29 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
АНКАРА
Откако за првпат е забележан во кинескиот град Вухан, новиот тип коронавирус (Ковид-19) за кусо време се рашири низ целиот свет, и во моментов на овој вирус позитивни се над 44.787.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“ секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, така што според последните информации, како последица на заразувањето со Ковид-19 во светот, животот го загубија 1.179.410 лица.
Вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот во светот се искачи на 44.787.655, додека 32.741.108 лица оздравеа. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 10.867.137.
САД се земја со најголем број на заразени и смртни случаи во светот. Во оваа земја досега се детектирани 9.121.800 случаи на заразување со коронавирусот и 233.137 починати позитивни на вирусот.
Покрај САД, земји во светот со над 500.000 лица кај кои е детектирани коронавирусот, се: Индија (8.040.203), Бразил (5.469.755), Русија (1.563.976), Франција (1.235.132), Шпанија (1.194.681), Аргентина (1.130.533), Колумбија (1.041.935), Велика Британија (942.275), Мексико (906.863), Перу (894.928), Јужноафриканска Република (719.714), Италија (589.766), Иран (588.648), Чиле (505.530).
Земји во светот, покрај САД, во кои бројката на смртни случаи надмина 10.000:
Бразил (158.468), Индија (120.563), Мексико (90.309), Велика Британија (45.675), Италија (37.905), Франција (35.785), Шпанија (35.466), Перу (34.315), Иран (33.714), Колумбија (30.753), Аргентина (30.071), Русија (26.935), Јужноафриканска Република (19.111), Чиле (14.032), Индонезија (13.612), Еквадор (12.608), Белгија (11.170), Ирак (10.770), Германија (10.359), Канада (10.032) и Турција (10.027).