Şenhan Bolelli
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
МАДРИД (АА) - Бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Шпанија е зголемен за 301 во последните 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 23.822, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија го ажурираше бројот на починати и дијагностицирани случаи на Ковид-19.
Во Шпанија, во последните 24 часа од коронавирусот починаа 301 лице, додека бројот на починати за претходното деноноќие изнесуваше 331. Според Министерството, вкупната бројка на починати се зголеми на 23.822.
Вкупниот број на дијагностицирани случаи со коронавирусот во Шпанија е зголемен на 210.773, со раст од 1.308 во последните 24 часа.
Од друга страна, во последните 24 часа излекувани се 1.673 пациенти, со што вкупната бројка на лица што го победија вирусот се зголеми на 102.548.
Претставниците на Mинистерството за здравство во своите изјави потенцираат дека веќе една недела бројот на излекувани пациенти е поголем од бројот на новозаразени.
Вонредната состојба воведена поради Ковид-19, што ќе трае до 9 мај, се очекува да биде продолжена до 24 мај.