Muhammet Nazım Taşcı
28 Март 2020•Ажурирај: 29 Март 2020
АНКАРА (AA) - Бројот на смртни случаи од последиците од заразувањето со коронавирусот надмина 30.000, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс", јавува Агенција Анадолија (АА).
Вирусот кој се појави во градот Вухан, во Кина, во декември месец минатата година, се прошири во најмалку 177 земји и региони ширум светот, со вкупно 649.904 потврдени случаи и 30.249 смртни случаи.
Досега во светот се опоравија 137.283 лица кај кои е дијагностициран коронавирусот.
Италија, Шпанија, Кина и Иран и понатаму се земји кои највеќе се погодени од коронавирусот според бројот на смртните случаи, но САД е на врвот на листата со најголем број потврдени случаи со вкупно 115.547 заразени лица.
Во Италија до сега се забележани 10.023 смртни случаи и близу 92.500 заразени. Следуваат Шпанија со 5.812 починати и преку 72.200 заразени и Кина со 3.100 починати и речиси 82.000 случаи на заразување со коронавирусот.
Бројот на смртните случаи во Иран досега изнесува 2.517 додека бројот на потврдените случаи надмина 35.400 лица.