Zehra Ulucak
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот ја надмина бројката од 3.000.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според страницата „Worldometer“ на која се евидентираат податоците за состојбата со Ковид-19, бројот на дијагностицирани лица во светот се зголеми на 3.003.352.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), 987.322. Потоа следуваат Шпанија - 226.629, Италија - 197.3675, Франција - 162.100, Германија - 157.770, Велика Британија - 152.840, Турција - 110.130, Иран - 90.481 и Русија со 87.147 случаи.
Во Кина каде што се појави епидемијата регистрирани се 82.830 случаи на Ковид-19.
Земји со повеќе од 10.000 регистрирани случаи, според „Worldometer“ се:
Бразил - 63.100, Канада - 46.895, Белгија - 46.134, Холандија - 37.845, Швајцарија - 29.061, Индија - 27.977, Перу - 27.517, Португалија - 23.864, Еквадор - 22.719, Ирска - 19.262, Шведска - 18.640, Саудиска Арабија - 17.522, Израел - 15.466, Австрија - 15.225, Мексико - 14.677, Сингапур - 14.423, Јапонија - 14.153, Чиле - 13.331, Пакистан - 13.328, Полска - 11.761, Романија - 11.036, Јужна Кореја - 10.738, Белорусија - 10.463, Обединетите Арапски Емирати - 10.349 и Катар - 10.287.
Епидемијата Ковид-19 се појави во кинескиот град Вухан во декември 2019 година и се рашири во повеќе од 200 земји низ светот.
Поради епидемијата на вирусот во светот починаа 207.094 лица, додека 882.552 лица се излекуваа.