Zehra Ulucak,Mehmet Şah Yılmaz
26 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
АНКАРА
Бројот на заразени со новиот вид коронавирус во светот надмина 43,3 милиони, јавува Агенција Агенција (АА).
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот бројот на случаите на заразување е зголемен на 43.346.266.
Во светот досега од последиците на вирусот починаа 1.159.093 лица, оздравеа повеќе од 31,9 милиони, а бројот на активни случаи изнесува повеќе од 10,2 милиони.
Со Ковид-19 најтешко погодени се САД, со повеќе од 8,8 милиони заразени лица и 230.510 починати.
Според бројот на заразени, по САД следуваат Индија со повеќе од 7,9 милиони, Бразил со 5,3 милиони, Русија 1,5 милиони, Франција 1,1 милион, Шпанија 1,1 милион, Аргентина 1,09 милиони, Колумбија 1,01 милион, Перу 888.715 и Мексико со 891.160 заразени.