Zehra Ulucak
26 Октомври 2020•Ажурирај: 26 Октомври 2020
МАНИЛА
Околу дваесет и пет илјади лица се раселени како резултат на тајфунот Молаве, кој го погоди јужниот дел на филипинскиот главен град Манила, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Властите нагласија дека има загинати во тајфунот, чија брзина надминува 125 километри на час, но се вели дека најмалку едно лице се води како исчезнато, додека 7 лица се спасени од потонатиот брод на отворени води кај местото Батангас.
Во соопштението на Цивилната одбрана се истакнува дека тајфунот предизвикал поплави во селата, а раселени се најмалку 25.000 лица, од кои 20.000 се засолнети во училиштата и владините згради, кои се претворени во центри за евакуација.
Гувернерот на Ориентал Миндоро, Умерлито Долор, во изјава за радио-станицата ДЗММ (DZMM) истакна дека селаните очекуваат да бидат спасени од бурата.
Долор рече дека поројните дождови ги поплавиле селата и дека предизвикале прекин на електричната енергија.
Според Долор, по тајфунот, започнати се операции за чистење на урнатините во некои села, со цел отворање на патиштата.