Emel Gözellik,Gökhan Varan
09 Ноември 2020•Ажурирај: 10 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на лица заразени со новиот тип на коронавирус во светот надмина 50,7 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според најновите податоци, бројот на случаи на заразени во светот се зголеми на 50.739.516.
Досега во светот од Ковид-19 починаа 1.262.147 лица, додека оздравеа 35.796.183 лица. Бројот на активни случаи моментално е 13.681.186.
Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди Соединетите Американски Држави (САД), каде се заразени 10.288.480 лица.
Според бројот на заразени, по САД следуваат Индија (8.553.864), Бразил (5.664.115), Франција (1.787.324), Русија (1.774.334), Шпанија (1.388.411), Аргентина (1.242.182), Велика Британија (1.192.013), Колумбија (1.143.887), Мексико (967.825) и Италија (935.104).