Muhammed Emin Canik
09 Ноември 2020•Ажурирај: 10 Ноември 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) – Во различни градови на Аргентина се одржаа демонстрации против Владата на Алберто Фернандез, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите се собраа пред обелискот во центарот на главниот град Буенос Аирес и протестираа за слобода, правда и за Уставот.
Демонстрантите со транспаренти во рацете извикуваа антивладини пароли, а демонстрантите кои на протестите учествуваа со автомобили формираа колони на главните улици во Буенос Аирес.
Демонстрантите протестираа против вакцините за Ковид-19, што Владата планира да ги купи, и против новиот пакет реформи во судството, за кој тврдат дека ѝ помогнал на помошник- претседателката Кристина Фернандес де Киршнер да се спаси од случаите за корупција за коишто беше обвинета.
Демонстрациите, што започнаа напладне, се одржаа во градовите Кордоба Росарио, Мар дел Плата, Мендоса и Сан Карлос де Барилоче, како и во Буенос Аирес.