Zehra Ulucak
24 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
АНКАРА
Во светот повеќе од 750.000 лица, кои претходно биле заразени со новиот тип коронавирус, се излекувале од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“ секојдневно ги ажурира податоците поврзани со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот. Според информациите објавени на овој сајт, во светот од Ковид-19 се излекувале 750.864 лица кои претходно биле позитивни на тестот.
Најголем број лица излекувани од Ковид-19 има во Германија - 106.800. Следуваат Шпанија со 89.250, САД со 85.922, Кина 77.257, Иран 64.843, Италија 57.576, Франција 42.088, Бразил 26.573 и Швајцарија со 20.600 излекувани.
Во Турција досега од Ковид-19 се излекувале 18.491 лице. Во Северна Македонија бројот на излекувани изнесува 337.
Во светот детектирани се 2.732.702 случаи на лица позитивни на Ковид-19, а 191.150 лица ги загубија животите како последица на заразеност со новиот тип коронавирус. Бројот на активни случаи на светско ниво изнесува 1.790.688.