Sümeyye Dilara Dinçer
03 Јуни 2021•Ажурирај: 03 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на оздравени лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 155 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“, 155.080.582 лица успеаја во битката против Ковид-19.
Првите три земји во светот во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, се исто така земји каде се регистрирани најмногу оздравени пациенти.
Во Соединетите Американски Држави (САД) оздравеа 27.986.511 лица, во Индија 26.390.584, и во Бразил 15.168.330 лица.
Меѓу другото, во Турција од вирусот се излекуваа 5.131.453 лица.
Во светот 13.643.293 лица се во процес на лекување.
Бројот на откриени случаи на вирусот во светот изнесува 172.430.557, додека како последица на Ковид-19 досега починаа 3.706.682 лица.