Ömer Tuğrul Çam
03 Јуни 2021•Ажурирај: 04 Јуни 2021
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, денеска истакна дека Европската Унија (ЕУ) го поздравува тековниот процес на дијалог меѓу владите на Египет и Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Советот, Мишел одржал телефонски разговор со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси и двајцата дискутирале за билатералните односи, како и за регионалните прашања, безбедноста и стабилноста во Источниот Медитеран.
Во соопштението се вели дека стабилноста на Источниот Медитеран е во интерес на ЕУ и дека европската организација го поздравува дијалогот меѓу Анкара и Каиро.
Мишел и Ал Сиси, исто така, се осврнале и на мировниот процес на Блискиот Исток, при што Мишел му се заблагодарил на Ал Сиси за напорите за прекин на огнот помеѓу Израел и палестинската група на отпорот Хамас.
Исто така, двајцата лидери нагласиле дека стабилноста во Либија која е уморна од војната ќе им служи на интересите на двете земји и дека е важно да се поддржи Владата на национално единство на Либија.