Dilara Hamit
14 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
КАРТУМ (АА) - Бројот на случаи со вирусот Ковид-19 во Африка се искачи на 235.695, со 8.096 новозаразени пријавени денес од целиот континент, јавува Агенција Анадолија (АА).
Билансот на починати изнесува 6.281, вклучително и 201 смртен случај регистриран во последните 24 часа.
Бројот на оздравени лица од вирусот достигна 108.832.
Најмногу смртни случаи има Египет (1.484), потоа следат Јужноафриканската Република (1.423), Алжир (760), Судан (447) и Нигерија (407).
Вкупно 65.736 пациенти се дијагностицирани со коронавирусот во Јужноафриканската Република. Египет има 42.980, Нигерија 15.682 и Гана 11.111 дијагностицирани случаи.
Активни случаи на Ковид-19 нема на Сејшелите, додека смртни случаи не се пријавени во Еритреја, Уганда, Намибија и Лесото.