Nuri Aydın
02 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на починати поради пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 240.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, од Ковид-19 во светот починаа 240.222 лица, додека бројот на случаи со овој вирус во светот се искачи на 3.421.226 лица.
Најголем број на смртни случаи поради Ковид-19 се регистрирани во Соединетите Американски Држави (САД), каде што починаа 65.782 лица.
По САД следуваат Италија со 28.236 починати, Велика Британија со 27.510, Шпанија со 25.100, Франција со 24.994, Белгија со 7.765, Германија со 6.736, Бразил со 6.434, Иран со 6.156, Холандија со 4.893 и Кина со 4.633 починати.
Земјите во кои бројката на починати надмина 1.000 лица се следни: Канада 3.391, Турција 3.258, Шведска 2.653, Мексико 1.972, Швајцарија 1.754, Ирска 1.265, Индија 1.223, Русија 1.222, Перу 1.124, Еквадор 1.063 и Португалија, 1.007.
Во светот од Ковид-19 се излекувани вкупно 1.093.091 пациент.