Nuri Aydın
24 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
АНКАРА (АА) – Од епидемијата на новиот вид коронавурис, Ковид-19, досега починаа над 16.500 луѓе низ целиот свет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Веб-страницата „Worldometer“, која ги евидентира податоците за новите случаи со Ковид-19 во земјите и регионите, бројот на починати лица од коронавирусот низ целиот свет го ажурираше на 16.558.
Според податоците, најголем број жртви се регистрирани во Италија, каде што има 6.077 починати лица.
По Италија, втората земја во којашто е забележан најголем број смртни случаи е Кина, каде што вирусот Ковид-19 зеде 3.277 животи.
Шпанија, каде што починаа 2.311 лица, е третата земја во која има најмногу смртни случаи како резултат на епидемијата на новиот вид коронавирус.
Четвртата земја со најголем број смртни случаи од појавата на Ковид-19 е Иран, со 1.812 починати лица.