Muhammet Kurşun
02 Март 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран од новито вид коронавирус Ковид-19 починаа уште 12 лица, со што вкупната бројка на починати се искачи на 66, а бројот на откриени случаи на 1.501, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-министерот за здравство на Иран, Али Риза Реиси, на прес-конференција одржана во Техеран, истакна дека уште 12 лица починале од Ковид-19. Тој нагласи дека од вчера досега се откриени 523 нови случаи.
Реиси информира дека досега 7.280 лица дошле во болница со сомневање дека имаат коронавирус, од кои 4.312 лица се тестирани.
Како што истакна, 291 лице се излекувани и отпуштени од болница.
Реиси соопшти дека најмногу случаи се откриени во Техеран, Меркези, Кум и Гилан.
Од друга страна, на плоштадот „Азади“ во Техеран продолжуваат работите за дезинфекција во рамки на мерките преземени против коронавирусот.
Надлежните упатуваат апел до населението да не го користи јавниот транспорт.