Merve Berker
16 Декември 2020•Ажурирај: 16 Декември 2020
ЛОНДОН (АА) - Како дел од борбата против епидемијата на коронавирусот во Лондон, Велика Британија, од денеска во сила се мерките од ниво 3 со најстроги ограничувања, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Лондон, градот со најголем број случаи во земјата, сите кафулиња и ресторани беа затворени, освен хотелите, гостинските куќи, баровите и рестораните за готова храна за носење, како дел од мерките од нивото 3.
Откако беа затворени баровите, младите продолжија да се забавуваат на улиците во Сохо, средиштето на ноќниот живот во градот.
Имаше кратки тензии откако полицијата ги предупреди младите да ги почитуваат правилата.
Иако улиците беа главно празни по предупредувањата, групи млади луѓе продолжуваа да се забавуваат на градските плоштади.
Во главниот град забрането е собирање и здружување на повеќе од шест лица на јавни места, а исто така луѓето нема да можат да се среќаваат во затворени простории и надвор од своите куќи доколку не се од исто домаќинство.
Во градот, каде што театрите и кината беа принудени уште еднаш да ги затворат вратите, фудбалските стадиони ќе бидат повторно затворени за навивачите, како и затворените вежбалници.
По 2 декември, на навивачите им беше дозволено присуство на стадионите, со ограничување од 2.000 луѓе.
Дозволено е одржување свадбени церемонии ограничени на 15 лица и погреби што не надминуваат 30 лица.
Пандемијата на Ковид-19 однесе над 1,63 милиони животи во 191 земја и регион во светот, откако вирусот за првпат се појави во Кина минатиот декември.
Во светот досега се регистрирани над 73,47 милиони случаи на новиот вид коронавирус, и над 41,61 милион оздравени пациенти, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.
Соединетите Американски Држави (САД), Индија и Бразил остануваат најтешко погодени земји во однос на бројот на случаи, додека Европа е зафатена од вториот разорен бран на вирусот.