Bilal Acar
08 Јануари 2021•Ажурирај: 09 Јануари 2021
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија воведе задолжителен негативен тест за коронавирусот за влез во земјата, јавува Агенција Анадолија (AA).
Британското Министерство за транспорт соопшти дека се воведени дополнителни мерки за влегување во земјата со цел да се спречи ширењето на нови варијанти на коронавирусот.
Во соопштението се истакнува дека при влез во Велика Британија задолжително е да се приложи негативен тест за коронавирусот, не постар од 72 часа.
Се додава дека патниците кои нема да приложат негативен тест ќе бидат казнети со парична казна во износ од 500 фунти.
Тестот нема да биде задолжителен за превозниците, за децата под 11-годишна возраст, за членови на посадите и за патниците кои пристигнуваат од земји кои немаат инфраструктура за тестирање.
Во Велика Британија вчера беа регистрирани 1.162 нови случаи на коронавирусот. Мутираниот облик, кој се шири 70 проценти побрзо од оригиналниот облик на коронавирусот, го зголеми бројот на новозаразени во земјата.
Британската Влада планира до половината на февруари да ги вакцинира најзагрозените категории, по што се очекува постепено укинување на карантинот, воведен на 5 јануари.