İlyas Tayfun Salcı
03 Јули 2020•Ажурирај: 04 Јули 2020
ЛОНДОН
Властите на Велика Британија го укинаа 14-дневниот карантин за граѓаните од вкупно 56 држави, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за сообраќај соопшти дека се укинува мерката за двонеделен карантин за луѓето кои влегуваат во Велика Британија од 56 земји.
Патниците кои доаѓаат во Велика Британија од овие земји нема повеќе да мораат да престојуваат во карантин 14 дена, освен ако посетиле некоја земјата која не се наоѓа на оваа листа.
На листата земји меѓу останатото се наоѓаат Германија, Нов Зеланд, Италија, Шпанија, Јапонија, Данска,Турциа и Франција, а од регионите на Балканот само Хрватска и Србија.
На листата не се наоѓаат САД, Мексико и Бразил, каде значително се прошири пандемијата на вирусот.
Во Велика Британија од 8 јуни важеше мерката за 14 дневен карантин за луѓето кои доаѓаат од странство.
Од почетокот на пандемијата Ковид-19 во светот со Ковид-19 се заразија 11.001.023 лица, а се излекуваа 6.162.463 лица, а од последиците на вирусот починаа 524.406 лица.
Ковид-19 кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.