İdris Sülün
07 Септември 2021•Ажурирај: 08 Септември 2021
АНКАРА
Ле Ван Три (28), кој ги прекрши правилата за карантин за новиот тип коронавирус (Ковид-19), во Виетнам е осуден на 5 години затвор, известува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Њу дејли“ (The New Daily), Ле Ван Три под обвинение „ширење опасни заразни болести“ е осуден на 5 години затвор во судот во регионот Ка Мау.
Три, наводно, го прекршил правилото за 21-дневен принуден карантин, откако се вратил од градот Хо Ши Мин во градот Ка Мау.
Прекршувајќи ги строгите правила за карантин, Три заразил 8 лица, а еден од заразените пациенти починал по еден месец лекување.
Додека Виетнам ја продолжува својата борба против епидемијата на Ковид-19, која од неодамна е значително влошена, повеќе од 536.000 луѓе се заразени со вирусот од почетокот на епидемијата, а 13.385 луѓе починаа поради вирусот.