04 Декември 2020•Ажурирај: 05 Декември 2020
ВИЕНА (АА) - Во Австрија има голем интерес за масовно тестирање за новиот вид коронавирус, кое започна денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тестирањето се спроведува во целата земја во наредните девет дена, а големиот метеж денес го забележа фоторепортерот на АА во Виена.
Во Виена локалните власти ги претворија затворената концертна сала, саемскиот и изложбен центар во центри за масовно тестирање.
Министерот за здравство, Рудолг Аншобер, претходно во текот на неделата изјави дека целта на масовното тестирање е да се пронајдат лицата кои се заразени со Ковид-19, а кои немаат симптоми.
Во Австрија денес се регистрирани околу 4.000 новозаразени.