Ruslan Rehimov
04 Декември 2020•Ажурирај: 05 Декември 2020
БАКУ (АА) - Азербејџан испрати протестна нота до Франција поради одлуката на Француското национално собрание за Нагорно Карабах, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Министерството за надворешни работи на Азербејџан, амбасадорот на Франција во Баку, Захари Грос, бил повикан во Министерството и му била дадена протестна нота во врска со одлуката на Француското национално собрание за заштита на христијанските заедници на Европа и Истокот и за ерменскиот народ.
Претставници на Министерството нагласија дека одлуката на Француското национално собрание е против Повелбата на Обединетите нации (ОН), Завршниот акт од Хелсинки, релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН од 1993 година и нормите и принципите на меѓународното право.
Во соопштението исто така се наведува дека Азербејџан силно се спротивставува на оваа одлука.
Амбасадорот Грос истакна дека нотата на Азербејџан ќе им ја достави на надлежните органи во неговата земја.
Азербејџан претходно исто така испрати нота до Франција, за одлуката на францускиот Сенат, во која се повикува да се признае таканаречената ерменска администрација на Нагорно Карабах.