Bojana Stojanovic
04 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 69 лица, регистрирани се уште 7.782 новозаразени, а до денес е хоспиталзиран 7.841 пациент, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 206.940 случаи на вирусот.
Од вчера, тестирани се 22.497 лица, од кои 7.782 се позитивни на Ковид-19.
Во истиот период, починаа 69 лица, со што бројот на починатите досега се зголеми на 1.834. Процентот на смртност изнесува 0,89 отсто.
На респиратори се 270 пациенти.
Досега се тестирани 1.867.228 граѓани.