Adam Abu-bashal
02 Септември 2020•Ажурирај: 03 Септември 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент се искачи на 1.264.417, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 7.101 случаи на Ковид-19.
Во последните 24 часа починати се 242 лица. Со ова, вкупната бројка починати во Африка се искачи на 30.104.
Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 1.002.554 лица. Бројот на активни случаи е 231.759.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (14.263 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.421) и Алжир (1.518 смртни случаи).
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (628.259) и Египет со (99.115).
Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.