Felix Nkambeh Tih
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
АНКАРА (АА) - Речиси 14.000 случаи на коронавирусот се пријавени во 52 од вкупно 54 земји во Африка, соопшти Центарот за превенција и контрола на болести во Африка (Africa CDC), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Десетте земји во Африка со најголем број заразени, смртни случаи и закрепнувања од Ковид-19 се следниве:
Земји Потврдени случаи (13.814) Смртни случаи (747) Излекувани ( 2.355)
1 - Јужна Африка 2.028 25 410
2 – Египет 1.939 146 426
3 – Алжир 1.825 275 405
4 - Мароко 1.617 113 146
5 – Камерун 820 12 98
6 – Тунис 685 28 43
7 - Брегот на
Слоновата Коска 533 4 58
8 – Нигер 491 11 50
9 - Буркина Фасо 484 27 155
10 – Гана 408 8 4
Според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, по појавата во Кина минатиот декември, со новиот вид коронавирус Ковид-19 се заразија над 1,85 милион луѓе во светот, а од последиците предизвикани од овој вирус починаа над 114.000 лица.
Податоците покажуваат дека над 2,8 милиони луѓе се на пат да закрепнат.