Behlül Çetinkaya
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
ИСЛАМАБАД (АА) - Авионот за обука од типот „Мушак“ при пакистанската војска, се сруши во близина на градот Гуџарат, при што смртно настрадаа двајца пилоти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на пакистанската војска, авионот се срушил изутрина во текот на рутинската обука во близина на Гуџарат.
Од друга страна, на 23 март се сруши уште еден авион за време на пробните летови во рамки на прославите по повод Националниот ден на Пакистан, при што загина еден пилот.
Меѓу другото, во јули минатата година авион кој транспортираше воен персонал, се сруши во населено место во градот Равалпинди. Во несреќата загинаа 12 цивили и 5 војници кои се наоѓаа во авионот.