Nuri Aydın
23 Мај 2020•Ажурирај: 23 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Во Бразил, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 1.001 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на бразилското Министерство за здравство, бројката на починати од последиците на Ковид-19 се искачила на 21.048, со зголемување од 1.001 во последните 24 часа.
Во последното деноноќие регистрирани се нови 19.969 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка се искачи на 330.890.
Според податоците објавени на интернет-страницата „Worldometer“, која постојано ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на Ковид-19 во светот, Бразил е земја со најголем број на заразени и смртни случаи во Латинска Америка, а втора во светот зад САД.