Mustafa M. M. Haboush,Adel Bin Ibrahim Bin Elha Elthabti,Hamdi Yıldız
15 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
ТУНИС (АА) - Премиерот на Тунис, Иљас ел Фахфах, соопшти дека неговата земја триумфирала над новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на приватната телевизија „Канал 9“ во Тунис, Фахфах рече дека Тунижаните треба да бидат горди на својата земја за победата над Ковид-19.
Наведувајќи дека сите страни работеле со голема посветеност во изминатиот период, Фахфах рече: „Излеговме од оваа криза со најмалку штета.“
Тој најави дека границите на земјата ќе бидат отворени на 27 јуни.
Премиерот Фахфах истакна дека можноста за ширење на Ковид-19 во Тунис е многу мала, и повика на претпазливост за епидемијата да биде целосно отстранета.
Во последната изјава, Министерството за здравство на Тунис информираше дека во земјата со Ковид-19 заразени се 1.096 лица, а починале 49 лица.
Од коронавирусот во Тунис оздравеле 998 лица.