Muhammed Emin Canik
14 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Во Бразил, која е една од најпогодените две земји од епидемијата, во последните 24 часа како последица на Ковид-19 починаа 892 лица, со што вкупниот број на смртни случаи поврзани со овој вирус достигна 42.720, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил соопшти дека бројот на заразени со коронавирусот во последното деноноќие се зголемил за 21.704, и дека од почетокот на епидемијата во земјата дијагностицирани се вкупно 850.514 случаи.
Бројот на смртни случаи во земјата се искачи на 42.720 со раст од 892 во последните 24 часа.
Бразилската сојузна држава Сао Паоло, која има 46 милиони жители и е центар на трговијата во земјата, моментално е најтешко погодена, со 172.875 случаи и 10.581 починати.
Во Рио де Жанеиро, која е втора најпогодена држава во Бразил, регистрирани се вкупно 78.836 случаи со Ковид-19, а починаа 7.592 лица.
Бразил вчера ја остави Велика Британија зад себе и стана втора земја во светот според бројот на смртни случаи и заразени од Ковид-19, по Соединетите Aмерикански Држави (САД).
Бразил, кој има над 211 милиони жители, се смета за епицентар на епидемијата во регионот.