Mahmut Atanur
14 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
ЏАКАРТА (АА) - Во Кина регистрирано е најголемо зголемување на бројот на случаи со новиот вид на коронавирус, Ковид-19, во последните два месеци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според кинеската Национална комисија за здравство, во последните 24 часа во земјата регистрирани се 57 случаи со Ковид-19.
Ова преставува најголем број на дневни случаи од 14 април, кога беа евидентирани 89 нови случаи со вирусот.
Комисијата за здравство, исто така, наведе дека нема евидентирани смртни случаи како последица на Ковид-19.
Во меѓувреме, во Пекинг, по затворањето на пазарот на земјоделски производи, кој беше причината за повторното зголемување на случаите на Ковид-19, направени беа тестирања на вработените на пазарот, и дијагностицирани се 46 нови случаи со вирусот.
По откриените случаи, беа донесени различни мерки за спречување на ширењето на вирусот како што е полицискиот час во 11 населени места околу пазарот, прекинување на спортските активности во тие подрачја и прекин на наставата во девет училишта.
Во Кина, каде што вкупниот број на случаи се зголеми на 83.132, досега од Ковид-19 починаа 4.634 лица.