Muhammed Emin Canik
23 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Во Бразил, во последните 24 часа, од новиот вид коронавирус починаа 165 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Министерството за здравство, бројот на лица кои починале како последица на вирусот Ковид-19 се зголемил за 165, со што вкупната бројка во земјата изнесува 2.906.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2.678 новозаразени, со што вкупниот број дијагностицирани со Ковид-19 во земјата се искачи на 45.757 лица.
Бразил, чие население се приближи до 210 милиони, е најпогодена земја со коронавирусот во Латинска Америка. Во регионот, првиот позитивен случај на Ковид-19 и првиот смртен случај од вирусот беше евидентиран во Бразил.