Muhammed Emin Canik,Zehra Ulucak
18 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС / АНКАРА
Од последиците на заразувањето со коронавирусот (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 1.163 лица, а во Мексико 736 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бразил е нејтешко погодена земја од пандемијата Ковид-19 во Латинска Америка, а од Министерството за здравство на таа земја соопштија дека досега од последиците на заразувањето починале вкупно 77.851 лице.
Во изминатите 24 часа, во Бразил се потврдени 34.177 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата во таа земја, надмина 2,4 милиони.
Досега во Бразил, кој брои 46 милиои жители, од коронавирусот оздравеа над 1,3 милиони пациенти кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
На Ковид-19 позитивен е и претседателот Жаир Болсонаро.
Бразил, по Соединетите Американски Држави (САД) е втора земја со најголем број заразени и највеќе смртни случаи од почетокот на пандемијата на Ковид-19.
Министерството за здравство на Мексико исто така објави преглед на епидемиолошката слика во кој се наведува дека во изминатите 24 часа во земјата од Ковид-19 починале 736 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 38.310.
Во Мексико во изминатиот ден се потврдени 7.257 нови случаи на заразување со коронавирусот и сега вкупната бројка на заразени изнесува 331.298, додека се опоравија околу 208.000.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.