Safvan Allahverdi
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изрази благодарност до Турција, сојузникот во НАТО, за нејзината помош во борбата против Ковид-19, и дека таа поддршка им помага во голема мера на американските компании, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Помпео во објавата на Твитер порача дека оваа состојба ќе се надмине заеднички, посилни од кога било.
- Благодарност од членовите на Конгресот -
Во меѓувреме, некои конгресмени од Претставничкиот дом, исто така, на нивниот твитер-профил ѝ се заблагодарија на Турција.
Републиканскиот конгресмен Алекс Муни, истакнувајќи дека медицинската помош на Турција испратена за САД за борба против Ковид-19 е гест на добра волја и солидарност, рече: „Му се заблагодарувам на нашиот НАТО-сојузник, Турција, за сојузништвото во овие тешки времиња.“
- „Турција, ви благодариме за вашата великодушност“ -
Исто така и конгресменот на Охајо, Стив Шабо, член на пратеничката група „Турско пријателство“, даде слична изјава:
„Ѝ се заблагодарувам на Турција за двете донации оваа недела. Донацијата им помага на нашите здравствени професионалци да се заштитат во борбата против Ковид-19. Ви благодариме за вашата великодушност Турција“, нагласи пратеникот Стив Шабо.
Демократскиот конгресмен, Елси Хастингс, исто така се заблагодари на Турција и на турскиот народ за поддршката.
Пратеникот од Јужна Каролина, Џо Вилсон, во писмената изјава нагласи:
„Како заменик-претседател на Групата за пријателство со Турција, која е фокусирана на американско-турските односи, благодарен сум на великодушноста на нашиот НАТО-сојузник. Драгоцена Турција, која успешно е претставена од амбасадорот Сердар Килич, работејќи заедно, американскиот и турскиот народ ќе го спасиме од вирусот од Вухан.“