Selen Temizer
22 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Во Белгија дојде до судири на протестите на кој присуствуваа околу 35 илјади луѓе кои протестираа против заострените мерки поради растот на случаи на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Околу 35 илјади луѓе се собраа пред Северната железничка станица во Брисел, кои како дел од протестниот марш што го нарекоа „Заедно за слобода“, тргнаа кон плоштадот каде што се наоѓаат институциите на Европската Унија (ЕУ).
Демонстрантите на почетокот протестираа мирно извикувајќи „слобода“, потоа со разни предмети ја нападнаа полицијата, запалија корпи за отпадоци и барикади.
Тројца полицајци и еден демонстрант се повредени откако полицијата интервенираше против демонстрантите со водени топови и солзавец.
На протестот беа уништени 6 полициски возила, а приведени се 44 лица.
Организаторите на протестот во писмена изјава истакнаа: „Ги осудуваме мерките за ограничување на слободата кои не се структурно решение во однос на здравствените услуги.“
- Мерките се заострени -
Белгиската Влада ги врати мерките како што се обврската за носење маски и работа од дома поради зголемениот број случаи.
Според новите мерки, стана задолжително носењето маски во простории во кои има 50 лица, и над 100 лица на отворено.
Дополнително, од 1 април 2022 година е одлучено да им се прекине работниот однос на здравствените работници кои нема да се вакцинираат против Ковид-19.
Во Белгија, која го доживува четвртиот бран на епидемијата, дневниот број на регистрирани случаи на Ковид-19 е над 10 илјади.