Selman Aksünger
22 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
АМСТЕРДАМ (АА) - Премиерот на холандската Влада, Марк Руте, го употреби изразот „идиоти“ за демонстрантите кои во последни три дена се во судир со полицијата на демонстрациите поради мерките против пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи за протестите против задолжителната вакцинација кои почнаа во петокот во Ротердам и се проширија и во другите градови, Руте рече дека „под маска на протестот вршено е отворено насилство“.
Тој напомена дека демонстрантите ја нападнале полицијата, пожарникарите и итната помош, и потенцира: „Ова нема никаква врска со протестите“.
Наведувајќи дека долготрајната неизвесност предизвикана поради Ковид-19 предизвика многу немири во општеството, Руте додаде: „Меѓутоа, никогаш не одобрувам тие идиоти, само затоа што се несреќни, да вршат директно насилство над луѓето кои ја чуваат безбедна оваа земја“.