Ihvan Radoykov
13 Март 2020•Ажурирај: 14 Март 2020
СОФИЈА (АА) - Во Бугарија е прогласена вонредна состојба до 13 април за да се спречи ширењето на новиот вид коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сите 201 пратеник што присуствуваа на седницата во Парламентот гласаа за одлуката да биде прогласена вонредна состојба во земјата.
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, на пленарната седница на Парламентот истакна дека бројот на случаи заразени со коронавирусот во земјата досега е 23.
Тој истакна дека за спроведување на неопходните мерки потребно е прогласување вонредна состојба.
- „Општествената дисциплина не е на потребното ниво“
Генералот Венцислав Кутафчииски, претседател на Кризниот штаб за Ковид-19, рече дека општествената дисциплина не е на потребното ниво.
Тој соопшти дека кај 11 лица од семејството на 66-годишната жена, што почина од вирусот, е дијагностициран Ковид-19.
Во согласност со одлуката за вонредна состојба се очекува до 13 април да бидат ограничени преминувањата на граничните премини и меѓународните патувања на бугарските граѓани.