Zehra Nur Düz
13 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на починати од коронавирусот во Иран се зголеми на 514 лица, јави иранската државна телевизија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Иран во рамките на мерките против коронавирусот ги празни улиците
„Властите објавија дека 85 лица починале во изминатите 24 часа, додека откриени се 1.289 случаи на вирусот, при што вкупниот број на потврдени случаи изнесува 11.364“, истакна во изјавата портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур.
„Вкупо 3.529 лица се отпуштени од болница откако закрепнаа од вирусот“, додаваат властите.
Турција, која има два потврдени случаја на коронавирусот, ги затвори своите граници и ги прекина летовите кон Иран минатиот месец.
Покрај Кина, Италија и Јужна Кореја, Иран е една од земјите кои се најмногу погодени од епидемијата на вирусот што се појави во декември минатата година.
Како дел од своите напори за спречување на ширењето на вирусот, Техеран презеде неколку мерки, вклучително и затворање на сите училишта и институции за високо образование, откажување на спортските настани и забрана за владините претставници да ја напуштат земјата.
Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, за првпат беше откриен минатиот декември во Вухан, Кина, но оттогаш се прошири во над 123 земји.
Според СЗО, од коронавирусот досега починаа над 4.950 лица, а регистрирани се над 132.500 потврдени случаи со вирусот.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија.