Cüneyt Karadağ
22 Април 2021•Ажурирај: 22 Април 2021
БЕРЛИН (АА) - Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 29.518 случаи на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во сооштението на Институтот „Роберт Кох“ се наведува дека во последните 24 часа од последици на Ковид-19 починале 259 лица, вкупно од почетокот на пандемијата 80.893.
Бројот на заразени е поголем за 29.518 и изнесува 3.217.710.
Неделната инциденца на новозаразени на 100.000 жители денес е 161,1.
На одделите за интензивна нега се наоѓаат 4.987 лица, од кои 2.772 се на респиратор.
Првата доза на вакцина против Ковид-19 во Германија ја примија над 17,3 милиони луѓе, а втората повеќе од 5,65 милиони луѓе.