Oktaj Omeragikj
23 Мај 2021•Ажурирај: 24 Мај 2021
СКОПЈЕ
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) на светско ниво досега е детектиран кај над 167 милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со бројката на заразени и смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус во светот, досега на глобално ниво регистрирани се вкупно 167.058.099 лица позитивни на вирусот.
Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број заразени во светот. Во оваа земја досега се детектирани 33.882.333 лица позитивни на Ковид-19.
Земји во светот, покрај САД, во кои бројот на заразени со Ковид-19 надминува 1 милион се:
Индија (26.530.132), Бразил (16.047.439), Франција (5.593.962), Турција (5.178.648), Русија (4.992.554), Велика Британија (4.460.446), Италија (4.188.190), Германија (3.653.019), Шпанија (3.636.453), Аргентина (3.514.683), Колумбија (3.210.787), Полска (2.864.546), Иран (2.823.887), Мексико (2.395.330), Украина (2.182.521), Перу (1.920.851), Индонезија (1.769.940), Чешка (1.657.558), Јужноафриканска Република (1.632.571), Холандија (1.622.810), Канада (1.355.7659), Чиле (1.323.413), Филипини (1.178.217), Ирак (1.164.149), Романија (1.075.236), Шведска (1.058.341) и Белгија (1.047.128).
Новиот тип коронавирус, што за првпат се појави во кинескиот град Вухан и за кратко време се рашири низ целиот свет, досега е причина за смртта на 3.468.924 лица, а од вирусот оздравеа 147.995.700 лица.
Моментално во светот активни се 15.593.475 случаи на заразеност со Ковид-19. Од нив, 15.496.069 се во полесна состојба, додека 97.406 се во критична состојба.