Gamze Türkoğlu Oğuz
12 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
АНКАРА (АА) – Во Индија, која е една од најпогодените земји во светот, од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), продолжува да се намалува бројот на регистрирани нови случаи и смртни случаи со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија објави дека во последните 24 часа од последиците на коронавирусот починале уште 550 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 128.121.
Во Индија, земја со над 1,3 милијарди жители, во последното деноноќие детектирани се 47.905 новозаразени, вкупно 8.683.916 од почетокот на пандемијата, додека оздравеа 8.066.501 заразен.
Според интернет-страницата „Worldometer“, Индија е втора земја во светот според бројот на заразени, а трета според бројката на смртни случаи предизвикани од коронавирусот.
- Кина -
Националната комисија за здравство на Кина соопшти дека во последните 24 часа на основниот континентален дел на Кина детектирани се 15 нови случаи на зараза со Ковид-19 кај лица дојдени од странство.
Кина, со популација од над 1,4 милијарди жители, во последните 24 часа не објави бројка на смртни случаи предизвикани од коронавирусот, а вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа земја изнесува 86.299.
Од појавата на Ковид-19 досега, во Кина починаа 4.634 заразени, а оздравеа 81.252 пациенти кои беа носители на коронавирусот.
- Јужна Кореја -
Според соопштението на Јужнокорејскиот центар за контрола и превенција на болести, во последните 24 часа во земјата биле идентификувани 143 нови случаи на Ковид-19.
Со тоа, дневното зголемување на случаите на Ковид-19 во земјата повторно е над 100.
Во земјата каде што вкупниот број на случаи се зголеми на 27.942, во последните 24 часа од Ковид-19 нема починати лица.
Во Јужна Кореја досега од вирусот починаа вкупно 487 лица.