Adam Abu-bashal
12 Ноември 2020•Ажурирај: 13 Ноември 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 930 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 14.163 нови случаи на Ковид-19.
Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 1.930.482.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 332 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 46.357.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (20.011), по која следуваат Египет (6.405) и Мароко (4.506).
Во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (743.394), по која следуваат Мароко (270.626) и Египет (109.881).
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 1.629.090 лица.