Mustafa Melih Ahıshalı
26 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Во Иран, во изминатите 24 часа, како последица на коронавирусот Ковид-19 починаа 57 лица, со што вкупниот број на починати достигна 7.359, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, за државната телевизија изјави дека во последните 24 часа се регистрирани 57 смртни случаи од Ковид-19.
Според тоа, бројката на смртни случаи од коронавирусот низ целата земја е зголемена на 7.508, а вкупната бројка на случаи на 139.511.
Џиханпур, истакнувајќи дека 2.567 заразени се наоѓаат во критична состојба, рече дека од почетокот на пандемијата во Иран излекувани се 109.437 лица.
Во Иран, Ковид-19 за првпат беше откриен на 19 февруари во градот Ком.