Ekrem Biçeroğlu,Zeynep Hilal Karyağdı
24 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
РАБАТ (АА) - Мароканскиот премиер Садедин ел Османи, го критикуваше договорот за нормализација на односите потпишан меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и рече дека се спротивставува на сите напори за нормализација на односите со ционистичката формација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лидерот на коалициската Влада во Мароко, Ел Османи, имаше обраќање на настан организиран од Партијата за правда и развој, чиј претседател е.
Истакнувајќи дека атакот врз правата на палестинскиот народ е црвената линија на Мароко, Османи рече дека неговата земја го отфрла договорот за нормализација потпишан меѓу Израел и ОАЕ, и е против сите напори за нормализација со ционистичката формација.
„Нормализацијата со ционистичката структура е поттик за дополнително кршење на правата на палестинскиот народ“, нагласи Османи.
Тој истакна дека заедно со мароканскиот народ ќе продолжат да бидат покрај Палестина, и дека се спротивставуваат на евреизација на регионот, на кршењето на правата на Палестинците и обидот за уништување на исламскиот идентитет на Месџид Ал Акса и Ерусалим.
Наведувајќи дека какви било отстапки направени по ова прашање се отфрлаат од страна на Мароко, Османи додаде дека исламскиот умет треба да ги брани Месџид Ал Акса и Ерусалим, бидејќи се првата Кибла.