Muhammet Kurşun
28 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран од вирусот Ковид-19 починаа уште 144 лица, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 10.508, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, рече дека во последните 24 часа починале 144 лица како последица на Ковид-19 и дека се откриени уште 2.489 случаи со овој вирус.
Лари нагласи дека вкупната бројка на починати во земјата се зголемила на 10.508, додека вкупната бројка на откриени случаи со Ковид-19 пораснала на 222.669.
Истакнувајќи дека 2.946 лица се наоѓаат во критична состојба, Лари рече дека 183.301 лице се излекувани и отпуштени од болница.
Таа напомена дека покраините Кирманшах, Хузестан, Хурмузган и Источен Азербејџан се означени како „црвени зони“.
Лари додаде дека во земјата досега се направени вкупно 1.610.869 тестирања за Ковид-19.