Muhammet Kurşun
19 Ноември 2020•Ажурирај: 19 Ноември 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 43.417, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починале уште 476 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од вирусот во Иран пораснал на 43.417.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 13.223 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголемил на 815.117.
Според Лари, 5.729 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 583.704 лица.
Таа нагласи дека во Иран досега се направени 5.667.538 тестирања за Ковид-19.